Се реконструира патот Битола-Новаци
Градоначалниците на општина Битола и Новаци, Владимир Талески и Лазар Котевски заедно со генералниот директор на ЈП „Македонија пат“, Гајур Кадриу денеска присуствуваа на официјалниот почеток на целосната реконструкција на железничкиот премин и патот што од Битола води кон Новаци и РЕК-Битола. Според битолскиот градоначалник, станува збор за едно од најфрекфентните места во градот кое ги поврзува општините Битола, Новаци и Могила и води кон РЕК-Битола.
„ За реконструкција на ова фрекфентно место се подготвувавме неколку сезони. Кружниот тек кој е во непосредна близина е завршен пред неколку години, улиците „Прилепска“ и „Железничка“ се целосно реконстуирани, како и дел од булеварскиот влез во градот и остана железничкиот премин на патот „Р-509“ познат како „Новачки пат“. Реконструкцијата опфаќа пат во должина од еден километар и таа ќе биде завршена во рок од 7-10 денови, истакна Талески.
Слично
