Се реализира заложбата на Пендаровски за исклучување на аболицијата од правниот систем
Oд кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека во однос на предлог Законот за помилување во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда.
„На овој начин ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела. На тој начин се придонесува во зајакнување на независноста на судството и, воопшто, функционирањето на системот на поделба на власта и правната држава“, додаваат од кабинетот на шефот на државата.
Оваа тема е актуелна деновиве во јавноста.
фото Фејсбук/Стево Пендаровски
