Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се разрешуваат првите луѓе на скопските клиники

Се разрешуваат првите луѓе на скопските клиники

Со името на Милан Ристески почнаа кадровските смени на скопските клиники.

Ристески е разрешен од директорското место на Клиниката за онкологија и радиотерапија, a на негово место доаѓа Нино Васев.

Оваа смена е извесно дека доаѓа по крвавиот четврток каде погоре спомнатиот директор беше учесник во инцидентите кога беа претепани пратеници во Собранието, а Ристески беше дел и од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“

Според пишувањата на дел од медиумите следна за разрешување ќе биде директорката на Клиниката за Гинекологија, Марија Хаџи-Лега.

На нејзино место неофицијално ќе седне доктор Викторија Јовановска. 

Слично

Поврзани вести