СЕ РАЗМОТУВА ЛИ КЛОПЧЕТО: Кој бил ангажиран во бегството на Груевски?
Поради истрагата која е во тек во Македонија, надлежните не откриваат детали околу бегството на Никола Груевски. Додека ги составуваат сите делчиња од шемата по која Груевски успеа да „кидне“ од државата, унгарските , но и светските медиуми не престануваат да вадат нови информации.
Последната од викендот беше дека унгарската разузнавачка служба била вклучена во бегството на Никола Груевски, според Политико, повикувајќи се на две неименуви лица добро запознаени со ова прашање, но во Бриселскиот весник не се oткриени дополнителни детали.
Се наведува дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно оваа недела призна дека унгарските дипломати биле во придружба на екс премиерот во текот на неговото патување низ Балканот до Унгарија.
Портпаролот на унгарските власти не одговорил на прашањето на Политико да ја искоментира улогата на разузнавачката служба во оваа опеерација.
Исто така, се додава дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан кој се опишува како долгогодишен сојузник на Груевски, јавно ја бранел одлуката за доделување на азил на екс македонскиот премиер, укажувајќи на нешто што го опишал како „сложена политичка борба и игра“ во Македонија.
Весникот потсетува дека американскиот Стејт департмент изразил загриженост поради потегот на Груевски со цел избегнување на затворска казна, а дека Македонија поднела формално барање за испорачување.
Како што се објави претходно, на Груевски во бегството му помогнале унгарски дипломати.
