Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ГРАБНУВАЊА, НО НЕ И ЗА УБИСТВА: Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан како „Царот“

СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ГРАБНУВАЊА, НО НЕ И ЗА УБИСТВА:  Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан како „Царот“

Во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски бил запишан како „царот“. 

Ова денеска беше кажано на новото судско рочиште. Влатко Кешишев посочи дека Палевски и Велибор Манев биле одговорни за плановите, а тој не бил присутен за време на договорите. Се разговарало за грабнувања, но не и за убиства. Според Кешишев идејата за грабнување од конкретната зграда била на Палевски. Обвинетиот кажа дека не ги познавал Ѓорчевска и Жежовски, ниту таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Убиствата на Вања и Панче се случија кон крајот на 2023 година. 

Слично

Поврзани вести