Се „разгорува“ битката за клучните позиции во јавното обвинителство
Се поголем број на кандидати пројавуваат итерес да го предводат скопското одделение на Јавното обвинителство. Освен претходната обвинителка Гордана Гешковска која не крие дека сака повторно да се кандидира за функцијата ќе се „борат“ повеќе кандидати. Меѓу нив е Јован Цветановски, кој и беше заменик.
Гешковска на јавноста и е позната и по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал меѓу кои „Бачило“ и „Пајажна“ против Велија Рамковски кои добија завршница пред македонските судови, „Монструм“ кој се наоѓа на ревизија пред Врховниот суд, случајот „Изгрев“ што апелација го укинуваше, пренесува Телма.
Цветнановски пак како нејзин заменик, пошироката јавност го запозна по прес конференцијата што ја одржа за слуачјот „Фабрика за афери“ против Захир Бекири Чауш а како што објавија медиумите, тој ја води предистражната постапка што обвинителството ја отвори за финасирањето на кампањата на СДСМ. Во трката влегува и обивнителот Мартин Митревски кој го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца.
Интересна битка ќе се води и за челната позиција во обвинителството за организиран криминал, каде доаѓаат предметите кои најчесто се под будно око на јавноста, а сега во раце има и дел од истрагата за „Крвавиот четврток“. Освен досегашниот вршител на должност во ова обивнителство Златко Биковски, на огласот се пријавиле и Вилма Русковска, позната по предметите „Диво Насеље“ и „Детонатор“, Лидија Раичевиќ Вучкова која го води предметот „Еразмус“ за професорите од економски и предметот „Ровер“ против Љубе Бошковски, кој Апелација два пати го укинува.
