Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за да и се даде поддршка на Швајцарија

Се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за да и се даде поддршка на Швајцарија

Министерството за здравство  соопшти дека постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.

- Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“, соопштија од министерството.


Фото: МИА

Слично

Поврзани вести