Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева

Се разболеа адвокатите на Катица Јанева

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ на кое требаше да сведочи поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова е одложено, откако се разболеа адвокатите на обвинетата Катица Јанева.

Одбраната на поранешната шефица на СЈО - Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска поради здравствени проблеми не дојдоа во судот, откако беше доставена медицинска документација.

Кадиев бил на Клиниката за инфективни болести и е на антибиотска терапија, додека Фрчковска има рок до утре да достави извештај за нејзината здравствената состојба. 

Судијката Васка Николовска-Масевска наредното рочиште го закажа за в четврток во 10.00 часот.

Слично

Поврзани вести