Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ РАСТОВАРУВААТ СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ - помалку примени, повеќе оздравени од ковид-19

СЕ РАСТОВАРУВААТ СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ - помалку примени, повеќе оздравени од ковид-19

Се растоваруваат скопските болници во кои се хоспитализирани болните од коронавирусот. Ако на Инфективна клиника во Мајка Тереза пред околу еден месец имаше и до стотина пациенти, а капацитетот беше речиси целосно исполнет, додека, пак во ГОБ 8 Септември тој број достигна и до над 130 пациенти, сега на скопските клиники има помалку болни.

Ее што кажува денешната ковид сттистика, која зборува дека денеска се регистрирани 85 новозаболени пациенти, многу помалку од вчера, кога тој број достигна дури 200. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

А болниците ниц градовите се значајно исполнети, особено онаа во Штип.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението од Министерството за здравство. 

Слично

Поврзани вести