Се растоварува превртениот воз кај Черкези
Механизација денеска го растоварува челикот пренесуван во превртените вагони на товарниот воз кој вчера се преврте кај кумановско Черкези.
Следно е откачување на вагоните и одвојување на оние кои се на пругите кои ќе бидат одвезени по пругата, а оние оштетените и превртените ќе бидат натоварени на камиони.
Се уште не е познато која е причината за превртениот воз, а неофицијално се работи за неправилно поставување на товарот.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера рече дека откако ќе се подигне возот ќе се санира и железничката прига за да може повторно коридорот 10 да биде транзитен.
Во моментов не е познато колку време ќе биде потребно за тоа.
потоа ќе следи одвезување на оние вагони коишто не се излезени од пругите. Оштетените и оние коишто се излетани од шините, ќе бидат подигнати со кран и товарени на камиони.
Од МЖ Железници – Инфраструктура вчера соопштија дека станува збор за голема штета.
