Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се распаѓа Македонско село, се крадат опремата и реквизитите, а смет има насекаде

Се распаѓа Македонско село, се крадат опремата и реквизитите, а смет има насекаде

Комплексот Македонско село во Горно Нерези, Скопско, на падините на Водно, за кој се потрошени 6,5 милиони евра, не само што се распаѓа од забот на времето, туку поради негрижата, разбојниците ја крадат климатизацијата и другата опрема и реквизити.

Освен тоа, наоколу секаде е преполно со смет, што може да се види и од фотографиите кои ги доби „Фактор“. 

Концесионерите одамна не работат со комплексот поради неисплатливост, планот за стартап простор што го имаше претходната власт не заживеа, а ниту актуелната влада нема јасна визија што да прави со местото за кое е потрошена голема сума на пари.

Изградбата на Македонско село почна во 2011, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија.


Слично

Поврзани вести