Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ РАСИПАЛ РАДАР ВО КОНТРОЛАТА ЗА ЛЕТАЊЕ: Од вчера наутро, контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина

СЕ РАСИПАЛ РАДАР ВО КОНТРОЛАТА ЗА ЛЕТАЊЕ: Од вчера наутро, контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина

Се расипал единствениот исправен радар во Контролата на летање на М-НАВ, на скопскиот аеродром. Од вчера наутро, контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното следување, објави  СДК.

Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Делот кој треба да се замени треба да пристигне од Италија, а додека се случи тоа, контролорите ќе мораат да слетуваат еден по еден авион.

Ако има повеќе авиони за слетување, некои од нив ќе треба да кружат на македонското небо додека да слетаат тие што веќе слетуваат..

Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.

Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.


Слично

Поврзани вести