Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продолжува ролерско-велосипедската патека на Кејот на Вардар

Се продолжува ролерско-велосипедската патека на Кејот на Вардар

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Горно Лисиче, на потегот од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, од десната страна.

Оваа ролерско-велосипедска патека е формирана на должина од 2.000 метри, со ширина од 4 (четири) метри. На терен е направен ископ, нанесен е тампонски слој и рабници, а потоа и нов асфалтен слој.

Ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар што се протегаод големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, односно до крај на регулацијата на реката Вардар, претставува продолжување на патеката која се протегаше од мостот „Тодор Александров“ до паркот на булеварот Февруарски поход.

„Градот Скопје во текот на изминативе неколку години интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки во градот за да се формира мрежа на обележени и поврзани патеки што на велосипедистите ќе им овозможат без пречки и безбедно да стигнат до посакуваната дестинација. Така, во рамките на проектот „Скопје Велоград 2017“, се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар“, соопштија од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Слично

Поврзани вести