СЕ ПРОДАДЕ СТРУМИЧКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ ВИС - новиот сопственик е позната градежна компанија од тој регион
Се продаде една од најпознатите регионални телевизии, Канал Вис од Струмица.
Според информациите на Фактор, една од најреномираните телевизиски станици во земјава, струмичката Канал Вис, од денеска има нови сопственици.

Имено, досегашниот газда на оваа струмичка телевизија, Јанко Мицев, продал 100 отсто од сопственоста на Канал Вис, а според информациите, нов сопственик на оваа добро етаблирана телевизија, ќе биде градежната компанија Синерџи Груп Инженеринг, исто така од Струмица.
Како што е познато, Синерџи Груп од Струмица, е една од најекспонираните градежни компании во струмичкиот регион, па голем грој градби се вореализација токму на оваа градежна компанија.
А, сега за прв пат оваа градежна компанија ќе се испроба и во медиумскиот бизнис.
Фото: Принтскрин
Н.Н.Ф.
