Се преземаат ли мерки против загадувањето?
Во координација со сите општини во Скопје на дневна основа се преземаат конкретни мерки за да се намали аерозагадувањето, изјави вчера портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој посочи дека парите кои се определени за справување со загадувањето не се на долг рок, а мерките кои ги преземаат се секојдневно видливи.
Во овој момент тоа се краткорочни интервентни мерки. Државниот инспекторат и Градскиот инспекторат се на терен, индустриските комплекси во Скопје се мониторираат постојано, тие работат со филтри.
Во Струмица се прават контроли за откривање на загадувачите.
Вчера повеќе општини имаа ПМ 10 честички 10 пати над дозволеното.
Утрово исто како и вчера Скопје е десетти најзагаден град во светот.
Денеска високо загадени се Тетово, Куманово, Кичево, Битола и делови од Скопје.
Кавадарци, Кочани, Струмица и Гостивар се средно загадени.
Дебар е ниско, а Велес многу ниско загаден.
