Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПРЕЗЕМА ЛИ ВООПШТО НЕШТО: Кучињата не престануваат да касаат граѓани во Скопје

СЕ ПРЕЗЕМА ЛИ ВООПШТО НЕШТО: Кучињата не престануваат да касаат граѓани во Скопје

Не престанува уличното напаѓање на кучињата во главниот град. Беснилото никако да запре а полицискиот билтен е полн од пријавени вакви случаи.

Само вчера во неколку скопски полициски станици се пријавени четири случаи на напади од куче.

Забележливо од податоците на билтенот е дека повозрасни граѓани се почесто мета на напади.

Во ПС Центар вчера на пладне 63 годишен маж пријавил дека дека возејќи се со велосипедот по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат-каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница. 

Во истата станица два дена порано, односно на  01.02.2018 пред пладне околу 11 часот 38 годишен граѓанин пријавил дека на плоштадот  Македонија бил нападнат-каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.

Други два случаи се пријавени во ПС Ѓорче Петров вчера. Имено 59 годишната С.М пријавила дека на 01.02.2018 година околу 09:30 часот на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница додека  В.Р. (60) пријавила оти била касната на истата улица од куче скитник во пределот на левата подколеница еден час подоцна.

Оттука ги прашуваме градските служби на Град Скопје, дали се презема нешто со кучињата скитници кои веќе неколку месеци ги напаѓаат граѓаните?

Слично

Поврзани вести