Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија, причинета материјална штета
Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Утрово во осум часот во ОВР - Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета - рекоа од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино. За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента и во 10:50 часот е нормализиран.
Слично
