СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС КАЈ КОЧАНИ: Има повредени патници
Aвтобус попладнево се преврте кај Кочани, при што две патнички се задржани во болница.
Две жени поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.
Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.
Автобусот, сопственост на компанијата „Авто атом“ од Кочани, се превртел околу 14:45 часот во близина на хотел „Национал“, по што паднал во отвор длабок три метри меѓу патот и железничката пруга.
Слично
