Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се пресели поради љубов, сега гради кариера со светски признанија: Македонката Тиана во Шведска

Се пресели поради љубов, сега гради кариера со светски признанија: Македонката Тиана во Шведска

Понекогаш животот нè води таму каде што најмалку очекуваме – но токму таму нè чекаат најголемите промени. За Тиана, тој пат започнал пред 15 години, кога од Македонија заминала во Шведска водена од љубов. Денес, зад неа стои 10-годишен брак со сопругот Патрик и речиси 17 години заеднички живот, а нивната најголема радост е ќеркичката Зои – подарок кој, како што вели таа за Женски магазин, го направил секој чекор вреден.

Но, нејзината приказна не застанува тука. Таа денес е жена со повеќе улоги – мајка, сопруга, ќерка и пријател, но и уметник, сопственик на галеријата „Galleri Zest“ во Шведска и менаџер за култура во Шведско-македонската стопанска комора. Животот во Стокхолм ѝ овозможува да ги спои сите овие делови во една целина – уметноста, културата и поврзувањето на луѓето.

Иако потекнува од уметничко семејство и е ќерка на академскиот уметник Танко Саревски, Тиана не чекорела отсекогаш по тој пат. По речиси 40 години живот, таа вели дека уметноста отсекогаш била присутна во нејзиниот живот, но не секогаш во активна форма. Иако престанала да црта уште од млада возраст, креативноста никогаш не исчезнала – таа останала начин на размислување и живеење.

Пресвртниот момент доаѓа во период кој за неа бил еден од најтешките. По несреќа во која сериозно се повредила и поминала неколку месеци во инвалидска количка, деновите станале тешки, монотони и исполнети со предизвици. Тогаш, без големи очекувања, решила да наслика една апстрактна слика за дома.

Но токму таа одлука го менува текот на нејзиниот живот, за што повеќе детали може да се прочитаат на Женски магазин.

Во истиот период добива мејл од Град Стокхолм дека апликациите за Ноќта на културата се затвораат за неколку дена. Иако имала само една речиси недовршена слика, одлучува да се пријави. Со многу храброст и без да знае што ќе следи, ја испраќа апликацијата – и е прифатена.


Слично

Поврзани вести