Се прегледуваат видео снимки по фрлената бомба пред домот на Штекли
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Ќерамидница, каде утрово беше фрлена бомба во домот на Раде Трајковски - Штекли, познат по тоа што преживеа и два напади во Ист Гејт Мол.
„Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија, а по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор на објекти. Подигнатите траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење“, објави ОЈО.
Штекли е надвор од животна опасност и нема сериозни повреди. како што се дознава, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба фрлена во неговата семејна куќа.
Бомбата која утрово експлодира во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност и го повреди Штекли, кој беше пренесен во болница. Овој напад беше најавен преку видео објавено на „Тик Ток“.
Во видеото се слуша глас кој најавува: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“. Нападот ја активираше јавноста, но, како и во претходните случаи, полицијата не успеа да интервенира навреме.
