Се прегледуваат снимки од граничните премини за бегството на Груевски
Надлежните го истражуваат бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција води предистражна постапка за поранешниот премиер Груевски, кој е во бегство во Унгарија.
Во овој дел од постапката се прибрани снимки од камери на граничните премини, од пред зградата на Груевски и од соседството, а се бараат известувања и од институции и податоци од банките, беше кажано на денешниот брифинг со новинарите во ЈОРМ.
Од Обвинителството посочија дека доколку се утврди одговорност кај некои луѓе за бегството на Груевски степенот на работење ќе се подигне и предметот нема да биде во предистражна постапка.
Обвинителството чека податоци од банки и од други финансиски институции поврзани со одливот на пари од личните сметки на поранешниот премиер.Груевски месецов избега во Унгарија, каде доби политички азил.
