Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ПРЕДЛАГА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА ДОНИРА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО БЕРЛИН“: „Да потсетиме, Центар е веќе милостива кон МПЦ„- реакција на Шанса за Центар

„СЕ ПРЕДЛАГА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА ДОНИРА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО БЕРЛИН“: „Да потсетиме, Центар е веќе милостива кон МПЦ„- реакција на Шанса за Центар

Бурни реакции предизвика предлогот, Општина Центар да донира пари за изградба на црква во Берлин.
Шанса за Центар реагира дека општината е веќе милостива кон МПЦ затоа што не им наплаќа пенали за незавршена градба.
„Градоначалникот на општина Центар на следната седница на Советот бара одобрување од советниците, општината да донира пари од граѓаните на МПЦ за изградба на храм во Берлин 

Да потсетиме дека општина Центар со одлука веќе е милостива кон МПЦ бидејќи не им наплаќа пенали за незавршена градба на ул. Македонија црквата Свети Константин и Елена.

Сакаме исто така да потсетиме на секуларноста на Македонија која е запишана во Уставот. Во Центар живеат граѓани со различни вери и убедувања. Дали парите на граѓаните треба да се донираат за верски објекти?

Предлагаме, сите оние кои го поддржуваат предлогот на градоначалникот, наместо да трошат од јавните пари на граѓаните, да направат лична донација со донирање на месечниот надомест за учество во Советот.

Во општина Центар МПЦ е коинвеститор-сопственик на дел од зградите кај Холидеј Ин.

Во прилог на постот е предлог одлуката како и поканата за присуство во Берлин.“, се вели во реакцијата.



Слично

Поврзани вести