Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се предава ли пандемијата со ковид: Во шест градови нема ниту еден активен случај

Се предава ли пандемијата со ковид: Во шест градови нема ниту еден активен случај

Според последната статистика едно лице почина од коронавирус во Македонија, а регистрирани се нови 18 случаи на инфекција.

Новиот број на пациенти со ковид е потврден со 2.411 тест во претходните 24 часа и 0,75 проценти од испитаните биле позитивни.

Досега, 5.468 лица починале од коронавирус во  Македонија, дијагностицирани се 155.487, а 437 се активни.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 31 пациент, така што вкупниот број на излекувани пациенти се искачил на 149.582.

Имено, шест градови во државата немаат ниту еден случај на ковид-19 во моментов.

Последните кажани зборови од министерот Филипче исто така алудираат дека ќе имаме мирно лето а епидемолошката ситуација е стабила.

Слично

Поврзани вести