Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се предаде Дацо Белски, поранешниот телохранител на Мијалков

Се предаде Дацо Белски, поранешниот телохранител на Мијалков


Драганчо Стоименов, познат како поранешен телохранител на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, по повеќе од два месеци во бегство, им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукањето во Драган Здравев во угостителскиот објект „Аква“  во Кочани и неговото ранување.

Се пријавил во јавното обвинителство во Кочани во присуство на адвокат, во услови кога подлежи на мерка притвор.

Нашироко познатиот како Дацо Белски македонската јавност го знае од случајот „Детонатор“ и промената на вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот  началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел и со доживотни казни затвор тврдеа дека се жртви на Стоименов.

Слично

Поврзани вести