Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прецизираат детали за прием, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против корона

Се прецизираат детали за прием, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против корона

Доделени се задолженија за итна подготовка на акциски планови за прием, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19. 

На предлог на Министерството за здравство, Владата на 32-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за  вакцинацијата против КОВИД-19. 

Таа ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19.

Во врска со оваа информација Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од 7 (седум) работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11. 

Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство, Венко Филипче. 

Слично

Поврзани вести