Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прави нова пешачка патека во Радишани

Се прави нова пешачка патека во Радишани

Почна изградбата на нова пешачка патека во горната зона на Радишани, каде се прави тротоар на улицата „Радишанска“, на горниот потег од мостот на реката Серава во насока кон село Љубанци.

Патеката, како што информираат од општина Бутел, е долга 500 метри, а широка два метри. Се изработува од бекатон плочки со профилирани рабници од страната на коловозот, а од другата страна се поставуваат високи заштитни плочи што треба да го спречат лизгањето на земјата од околните ниви на пешачката патека. Досега на улицата „Радишанска“ немаше тротоари.

Изградбата на патеката ќе чини 2,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Бутел, а градежните работи ги изведува фирмата ГИВ Инженеринг од Скопје.

Слично

Поврзани вести