Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се прави инфраструктурата за локалните економски зони во општината Илинден

Се прави инфраструктурата за локалните економски зони во општината Илинден

Како дел од  градежните работи за изградба на инфраструктурата во 9-те локални економски зони во општината Илинден, денеска почнува  асфалтирање на новопроектираната индустриска улица во локалната економска зона Марино-Кадино.

Улицата е со должина од околу 500 и широчина од 10 метри, а како што најавуваат од општината, има големо значење за локалниот економски развој бидејќи ги поврзува стопанските објекти во оваа економска зона со локалниот пат Марино-Кадино.

Инфраструктурата е предуслов за функционирање и на другите стопански капацитети што се градат или допрва се планира да бидат изградени во економската зона близи Скопје.

Слично

Поврзани вести