Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ПРАВАТ НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ЗА ДА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЗДРАВИ ЗАМИНАТ ДОМА“: Премиерот ги посети повредените

„СЕ ПРАВАТ НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ЗА ДА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЗДРАВИ ЗАМИНАТ ДОМА“: Премиерот ги посети повредените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги посети дел од повредените во катастрофалниот пожар што се случи во импровизираната дискотека , а кои се на лекување во скопските клиники. Тие се во стабилна состоба. Тој изрази благодарност до здравствените работници, соседните земји кои испратија помош, како и до сите кои учествуваат во справувањето со последиците од трагедијата.

Во својата изјава, Мицкоски потенцираше дека борбата за спасување животи продолжува и во следните денови, апелирајќи сите кои биле во близина на погодената област да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми.

„Да им се заблагодарам на здравствените работници за пожртвуваноста која што ја манифестираат, да се заблагодарам на соседите и на сите земји кои што излегоа во пресрет и прифатија дел од пациентите, на оние кои што испратија свои медицински тимови овде кај нас во Македонија. Борбата ќе продолжи и во деновите кои што следат. Така што да следиме како ќе се развива состојбата, се прават натчовечки напори за да бидат сите пациенти стабилни и да си отидат дома во полна здравствена кондиција и состојба.




Слично

Поврзани вести