„Се праќа порака дека не ја признава Македонија и ја смета за дел од територијата на Бугарија“: Најчевска со бурна реакција за посетата
Професорката Мирјана Најчевска, по бројните реакции за пречекот на нашата претседателка во соседна Бугарија, потенцира дека средбата воопшто не била ниту протоколарна, ниту случувањата во соседствоот биле „нормални“.
- Прво, кога е средбата неформална нема знаме на ниту една држава. Штом има знаме на една држава мора да има и знаме на другата.
Второ, симболиката која ја има оваа фотографија е не само понижувачка туку и многу суштинска. Имено, на местото каде што би требало да стои македонското знаме (зад претседателката на Македонија) стои бугарско знаме со што се праќа порака дека Бугарија не ја признава државата Македонија и ја смета за дел од територијата на Бугарија.
Трето, недоветната претседателка на Македонија праќа протест, а на официјалната страна на претсадателот на Македонија ја објавува фотографијата со јасно изразени територијални претензии на Бугарија кон Македонија - пишува Најчевска на својот Фејсбук профил и истакнува дека „Ова е суштински елемент на рамноправниот однос меѓу државите согласно меѓународното право“.
Потоа додава „ај да не се правиме мутави и да извлечеме бенефит од овој непримерен однос на Бугарија и да го искористиме во поставувањето на прашањето за неевропското однесување на членка на ЕУ пред самата ЕУ“, истакнува Најчевска.
