Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ПОЗДРАВУВАА СО МИНУВАЧИТЕ, А ИМАШЕ И ПО НЕКОЕ СЕЛФИ: Вучиќ се присети дека излегувал во култната „Тропикана“ во 90-тите

СЕ ПОЗДРАВУВАА СО МИНУВАЧИТЕ, А ИМАШЕ И ПО НЕКОЕ СЕЛФИ: Вучиќ се присети дека излегувал во култната „Тропикана“ во 90-тите

Од вчера во Скопје присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ кои денеска заедно со премиерот Зоран Заев имаа свои обраќања на Економскиот форум во Скопје, на кој главната тема е иницијативата за отворање на границите меѓу трите држави, Македонија, Србија и Албанија.

Но, вчера попладне беше неформалниот дел од посетата, по што тројцата државници се прошетаа низ центарот на Скопје. На кејот на Вардар ги застануваа случајни минувачи, се поздравуваа, а млада двојка побара со нив да направат и селфи. Со секој од нив двајцата премиери и претседателот разменија по некој збор.

Сепак, она што остави впечатокок, особено за скопјани е изјавата на Вучиќ кој рече дека Скопје е многу променето во последните години, особено од периодот што тој го памети кога неколку пати бил во култниот клуб „Тропикана“.

Локалот беше популарен во 90-тите години и се наоѓаше во центарот на Скопје на булеварот Свети Климент Охридски. Сепак, премиерот Заев изјави дека не знае каде се наоѓал, бидејќи тој е од Струмица и дека не го знае добро Скопје.



Слично

Поврзани вести