СЕ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО СКОПЈЕ: Колку посети имало во март?
Во 2017 година расте бројот на туристи кои го посетуваат главниот град.
Скопје во март годинава го посетиле 17.045 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нив 2 354 се домашни, а 14 691 странски посетители.
Во март бројот на ноќевања во Скопје се вкупно 34 170, од кои 5 538 се од домашни, а 28 632 од странски гости.
За споредба, во февруари во Скопје имало 13 528 гости, од кои 1 956 домашни и 11 572 странски.
Во јануари имало 13 489 туристи во главниот град, од кои 2 376 домашни и 11 113 странски гости.
Слично
