Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе основци со искривени 'рбети-родителите немаат гајле!

Се повеќе основци со искривени 'рбети-родителите немаат гајле!

Се почесто скопските основци се со искривени 'рбети, лошо држење на телото и проблеми со неразвиеноста и зголемената тежина.

Дека бројките се алармантни покажале податоците од систематските прегледи направени оваа година на неколку скопски поликлиники.

Имено, бројките велат дека 25 % од нив имаат лошо држење на телото, секој трет ученик има искривен рбет а најмногу загрижуваат алармите за деформации на стопалото кои се регистрирани кај 48 проценти од машките и 43 проценти од женските ученици.

Лекарите предупредуваат дека состојбата со здравјето на младината станува се позагрижувачка а едн а од причините за тоа модерниот начин на живот.

Децата се почесто наместо да си другаруваат со врсниците на улица, времето го минуваат пред компјутер, таблет или мобилен телефон.

Меѓутоа и тешките ранци се виновни за кривите нежни детски 'рбети.

Меракот за училиште е голем, но товарот на училишните ранци е уште поголем за нивната сила. 

Во просек, првачињата се со тежина од 20-25 килограми, што значи дека ранците не треба да бидат потешки од 3 килограми. Но реално тие во просек тежат околу 5 килограми, што е причина за деформитети на ’рбетниот столб.

„Носењето на терет кај малите деца предизвикува принудна положба на ’рбетниот столб која може да предизвика и деформација, сметаат ортопеди.

Препораките кои лекарите ги даваат се родителите и образовните институции активно да се вклучат во подобрување на состојбата и за поздрава младина.

Слично

Поврзани вести