СЕ ПОВЕЌЕ ОПОЗИЦИОНЕРИ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ: Ќе расте ли мнозинството на Заев во Парламентот?
Од најмалку четворица пратеници од ВМРО ДПМНЕ се очекува да се придружат на осуммината свои колеги кои веќе ја поддржаа измената на Уставот согласно Преспанскиот договор.
Дел од медиумите брифираат дека „ЗА“ најмногу е Никола Тодоров кој беше меѓу оние кои се исклучени од партијата, како и актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев, кој е разрешен од потпретседателската функција во партијата. И покрај тоа што овие двајца политичари не се веќе дел од раководните структури на опозицијата, тие уште имаат одлична соработка со дел од партиската база, како и со пратениците од сегашниот собраниски состав.
Дел од аналитичари за Слободен печат, велат дека е голема веројатноста такво нешто да се случи, но со образложение уште не е познато дали приклучувањето на нови пратеници од ВМРО ДПМНЕ значи зголемување на мнозинството на повеќе од 80 пратеници. Како што се наведува, не смее да се занемари незадоволството кај новите независни пратенички групи по затворањето на Сашо Мијалков, како и незадоволството кај четворица патеници од Беса и албанските партии кои се против евентуално давање на амнестија за обвинетите за Крвавиот четврток.
