Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се поставуваат 100 нови контејнери во Чаир

Се поставуваат 100 нови контејнери во Чаир

Oд денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината Чаир, на локации каде што потребата е најголема.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината.

„Континуирано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. Поставувањето на 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите,“ изјави Меџити.

Истовремено, Општина Чаир продолжува и со проширување на мрежата на подземни контејнери. Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации на територијата на општината.


Слично

Поврзани вести