Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Министерството за здравство информира дека во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Оттаму велат дека веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел, а кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули. Планирано е кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

-Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите, соопштуваат од Министерството за здравство.
Истовремено, како што се наведува во соопштението, се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.


Слично

Поврзани вести