Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се породи Авганистанката која синоќа пристигна во Македонија

Се породи  Авганистанката која синоќа пристигна во Македонија

Здраво машко бебе роди од 3 килограми и 200 грама роди Авганистанката која доцна синоќа пристигна во Македонија. 

Таа е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Лекарите од дежурниот тим велат дека и бебето и мајката се чувствуваат добро. 

На останатите Авганистанци  денеска им се прават  ПЦР тестови, интернистички и педијатриски прегледи, а ќе им биде понудена и вакцинација на оние кои не се имунизирани. 

Шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека властите во Скопје досега дале согласност за околу 750 Авганистанци кои избегале од Талибанците.

На меѓународниот аеродром во Скопје пристигна првата група од 149 авганистански државјани, кои ја напуштија таа земја откако Талибанците ја презедоа власта.

Слично

Поврзани вести