Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се поништуваат сите решенија на ДСЗИ за лицата во изолација и во државен карантин

Се поништуваат сите решенија на ДСЗИ за лицата во изолација и во државен карантин

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот од 13. до 25. Јуни, за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат, соопштија синоќа од Владата.


-Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, донесе одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени од 13. јуни до 25. јуни за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во со негативен ковид-тест и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен тест по нивното враќање од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат, се истакнува во владиното соопштение.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во „Слободен печат“ во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник“.


Слично

Поврзани вести