Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сè помалку патници во возовите, сè повеќе во авионите

Сè помалку патници во возовите, сè повеќе во авионите
Расте бројот на патници во авионскиот сообраќај во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според последните податоци, во првото тримесечје од годинава во воздухопловниот сообраќај биле превезени вкупно 207.751 патници, што е за 8,2% повеќе од истиот период лани. Раст се забележува кај бројот и на пристигнати и на испратени патници на редовните авиолинии, додека бројот на патници на чартер летовите се намалува. Раст е забележан и во бројот на превезени патници во градско-приградскиот превоз за 19,9% и во патничкиот превоз за 8%. Намалување и натаму се бележи во бројот на патници во железничкиот превоз. Во првото тримесечје од годинава со воз биле превезени 182.000 патници или 7,6% помалку од истиот период лани. Намалувањето исклучиво се должи на намален број патници на домашните линии, додека во меѓународниот железнички превоз бројот на патници е ист како лани. Во првото тримесечје од годинава, во споредба со истиот период лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 15.8%, во воздухопловниот превоз е зголемено за 38.5%, додека во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 0.9%.
Слично

Поврзани вести