СЕ ПОМАЛКУ ПАТНИЦИ ВО АВТОБУСИТЕ: значителен пад на бројот на превезени лица во вториот квартал
Граѓаните се повеќе ги избегнуваат автобусите како превозно средство.
Најновите податоци на Државниот завод за статистика, има пад на превезените патници и во градскиот, и во приградскиот и во меѓународниот превоз.
- Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.686 илјади во второто тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 15,1 проценти - се нагласува во соопштението на ДЗС.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,5 проценти, во приградскиот превоз за 16,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 9,9 проценти, а во меѓународниот превоз е намален за 30,3 отсто.
- Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19,5 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 13,7 проценти, во меѓуградскиот превоз е намален за 0,9 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,7 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.
