СЕ ПОМАЛКУ ЛУЃЕ, СЕ ПОВЕЌЕ КОЛИ - Савески: Го срушивме рекордот во регистрирани коли
Бројот на граѓани се намалува, ама расте бројот на автомобили кои се возат по македонските улици.
Ваква забелеша напиша на својот Фејсбук профил професорот Здравко Савески кој укажа дека се повеќе се наминуваат претходните рекорди.
- Се' помалку луѓе, но се' повеќе коли.
Минатата година повторно го срушивме рекордот во регистрирани коли: 483 илјади. Пола милионче. Дуплирана бројка за 15 години - пишува Савески во својата објава.
На ваквиот негов став секако следуваа бројни коментари, од кои дел беа насочени кон тоа дека во нашата земја доминираат постари возила, од кои голем дел придонесуваат значително во загадувањето, но и дека поради нефункционалноста на јавниот превоз граѓаните се приморани да користат авомобили, па макар тоа биле и постари возила. А бројни беа и коментарите дека е нужна промена на навиките, па наместо да се возат автомобили на кратки дестинации, неопходно е да се пешачи или да се возат велосипеди.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
