Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се покачи износот за минимална плата

Се покачи износот за минимална плата
8.050 денари ќе изнесува минималната плата за 2013-та година,утврди Економско социјалниот совет. Таа ќе изнесува 8.050 денари во нето износ или 12.268 денари во бруто износ. Покачување на платата за 1471 денар во бруто износ ќе има и во дејностите каде што беше предвидено период на усогласување како што се дејностите производство на текстил, производство на облека, производство на кожа и слични производи од кожа. Министерот Ристовски потврди дека со законот, правото на минимална плата му следува на секој вработен. -Во износот на минималната плата не се вклучени додатоците за работен стаж, прекувремена работа и работа на празник, а доколку постои основ на истите тие треба да се додадат на утврдениот износ, со задоволство констатирам дека една година по пимена на законот за минимална плата нема дојави за злоупотреби или неправилности во исплатата, рече Ристовски. Од ваквата одлука задоволни се и  синдикатите и истата за нив е резултат на  добриот социјален дијалог во земјава, бидејки според нив во неколку други земји има намалување на минималната плата, како резултат на економската криза. Во зависност од економската состојба, според министерот за труд и социјала можно е во текот на наредните години минималната плата да биде зголемена.    
Слично

Поврзани вести