Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појавија голем број свлечишта во полошкиот регион

Се појавија голем број свлечишта во полошкиот регион

Центарот за управување со кризи во својот последен вонреден извештај информира дека се појавени голем број свлечишта околу Тетово и Полошкиот регион.

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.

Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146 во Тетово. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.

Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.

Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од Џепчиште кон Ѓермо. Патот е непрооден за цело маало.

Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“.

Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот. 


Слично

Поврзани вести