Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појави видео со наводно насилништво врз Спасов

Се појави видео со наводно насилништво врз Спасов

Во дел од медиумите попладнево се појавија снимки со наслови кои сугерираат дека заменик министерот во Министерството за труд и социјална политика,  Диме Спасов бил гонет од насилни луѓе со пиштоли.

Се работи за видео од безбедносните камери поставени на бандерите низ градот од ноќта кога Спасов предизвика сообраќајни незгоди со службено возило на Агенцијата за вработвање и бегаше од полицијата.

Не се знае како овие снимки завршиле во медиумите. Полицијата го поседува целиот аудио разговор со луѓето од пасатот кои повикале полиција. Сопатничката на Спасов дала исказ дека никој не ги бркал, според изјавите дадени од МВР.

Управата за безбедност и контраразузнавање не ги дала снимките од камерите на кои е снимен инцидентот на Спасов на СВР Скопје, дознава НОВА од полициски извори. УБК е единствената институција во чие владение се безбедносните камери од улиците, а СВР-Скопје ги побарало за да може да ги расветли случувањата од таа ноќ. 

Спасов денеска се појави во јавност и ја обвини опозицијата за местенки. 




Слично

Поврзани вести