Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појави нов „гробар“, на мета кандидатот Захариев

Се појави нов „гробар“, на мета кандидатот Захариев

Морбидните појави во политиката продолжуваат со „погреб“ кој извесен Сафет Али го приредил во Штип за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Илчо Захариев. 

Ваквата постапка на Сафер Али за кој се вели дека е симпатизер на СДСМ е крајно погрешна и ја заслужува секоја можна осуда. Интегритетот во политиката мора да се задржи и не смее никој да добива смртни закани или пак пораки за погребување без оглед од која политичка партија доаѓа. 

Захариев вели дека е згрозен од „погребот“ и дека не се чуствува безбеден за што ќе побара заштита од полицијата. 

Политичките партии мора да преземат одговорност и најостро да ги осудат овие морбидни појави кои зачестија во изминатиот период, додека пак органите на прогонот веднаш да реагираат против лицата кои шират омраза.


Слично

Поврзани вести