СЕ ПОДИГА ЗНАМЕТО НА НАТО: Пратениците го изгласаа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Собранието попладнево го изгласа протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови.
Нема ниту „против“, ниту „воздржани“, а „за“ гласаа 114 пратеници. Усвоен е Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Претседателот на ДУИ Али Ахмети во Собранието изјави дека усвојувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО е пресвртница за сите граѓани.
Спикерот Талат Џафери се заблагодари на Владата и Собранието за државничкиот капацитет кој го покажале.
Пред Собранието е кренато знамето на НАТО.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на свечената седница за ратификацијата на Предлогот на закон за ратификација на Северноатлантскиот договор истакна дека членството на НАТО, Македонија го заслужила уште во 2008 година.
НАТО очекува напролет Македонија да стане членка на Алијансата. Протоколот треба да се ратификува во Шпанија.
