Се почести и имиња од гледаните турски серии
Според Управата за водење матични книги во Македонија под влијание на гледаните турски серии се почесто се користат имињата на ликовите како Севги, Онур, Елиф, Полат, Ајшеѓул.
И натаму најчесто користено македонско име е Александар и женската верзија Александра, а ништо помалку не се користат ниту Јован, Јована, Михаил, Михаела, Максим, потоа Филип, Филипа, Калин и Калина.
Ова се меѓу најчестите имиња на новородените деца во 2017 година.
Статистичките податоци покажуваат дека во третиот квартал годинава во Македонија се родени 5.866 деца.
Слично
