СЕ ПО СТАРО: Српските дипломати се вратија во Скопје-што е следно?
Амбасадата на Србија во Македонија вчера попладне продолжи со работа, бидејќи дипломатскиот персонал се врати од консултациите во Белград.
Вработените и опремата се во амбасадата во Скопје и сите активности нормално се одвиваат, вклучувајќи ги и конзуларните работи, кои се посебно важни поради големиот број на граѓани од соседна Србија кои во екот на сезоната се наоѓаат или на одмор во Македонија или се во транзит.
Амбасадорката Душанка Дивјак ќе се врати на должност и на своите редовни активности во наредните неколку денови односно на крајот на месецов.
Таа се очекува да оствари средба со македонскиот премиер Зоран Заев еден ден подоцна, на 1 септември.
Во меѓувреме, премиерите на двете земји, Ана Брнабиќ и Зоран Заев, ќе зборуваат за првпат по почетокот на кризата. Средбата ќе се одржи во албанскиот град Драч на неформалниот состанок на земјите од Западен Балкан .
Денеска пак во 15 часот најавена е средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ. Состанокот ќе одржи во 15 часот а по него ќе следуваат изјави на двајцата министри.
