Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ПЛАШАМ ДА ЈА СПОМНАМ, ТЕ МОЛАМ НЕ МЕ ПРАШУВАЈ“: Синдикалци од ЈСП, советничка од СДСМ и поранешен инспектор со сведоштва за тоа што трпеле од Арсовска

„СЕ ПЛАШАМ ДА ЈА СПОМНАМ, ТЕ МОЛАМ НЕ МЕ ПРАШУВАЈ“: Синдикалци од ЈСП, советничка од СДСМ и поранешен инспектор со сведоштва за тоа што трпеле од Арсовска

Заради интервју на телевизија, каде зборувале за состојбата во ЈСП, синдикалците Елизабета Тошевска и Меџит Идризи биде прераспределени на други работни места. Двајцата овие информации ги кажаа во гостување во поткастот на Кристијан Ландов. 

Тошевска тврди дека по изјавата била прераспределена на работно место затворено за јавноста. 


Таа исто така рече дека сите вработени во ЈСП живеат под притисок и дека не смеат уста да отворат. 

„Ако отворат уста се готови“, вели таа.

Идризи пак истакна дека колку што е тој вработен во ЈСП, 18 години, состојбата во ЈСП, никогаш не била полоша. 


Советничката од СДСМ пак, Љубица Јанчева, изјави дека градоначалничката Данела Арсовска на седница на Советот, од говорница ја нарекла „уличарка“.

View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)


Има и сведоштво на поранешен вработен инспектор во градот, кој обвинува за мобинг од градоначалничката, заради како што вели, предмет што тој го направил.





Слично

Поврзани вести