Се планира 24 часа обезбедување за депонијата во Арачиново
На работен состанок помеѓу директорот на Центарот за управување со кризи,ж Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, денес се рагговарало за координација на активностите поврзани со ангажирање на служба за 24-часовно дежурство на локалната депонија со цел заштита од нејзино потенцијално потпалување.
Депонијата во Арачиново беше една од оние кои гореа и го загадуваа воздухот во Скопје изминатото лето. Тогаш од ЦУК беше кажано дека пожарот бил подметнат и распален со вреќе со сончоглед.
Граѓаните неколкупати излегоа на протести, предупредувајќи дека ваквите пожари го загрозуваат нивното здравје и дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот во Скопје.
Слично
