СЕ ОЖЕНИ АЛЕКСАНДАР РУЖИН - тригодишната врска крунисана со брак
Александар Ружин, син на професорот Нано Ружин, бизнисмен и поранешен советник на премиерот Зоран Заев, се ожени за својата избраничка Александра.
Фотографиите од свечениот чин ги објави на фејсбук неговата мајка, Даница Ружин.
Тие говорат дека младите имаат вкус, елегантен костум на младоженецот Александар и преубава венчаница на младата дама.

Инаку, Александар Ружин со неговата избраничка се сврши во октомври минатата година, по тригодишна врска.
За ММС Александар изјавил дека Александра е најдобрата жена од сите кои ги запознал.

Имал многу планови кога да и го даде прстенот, но поради пандемијата решил тоа да биде за нејзиниот 28 роденден.
На младите им ја честитаме венчавката.
фото: фејсбук
Слично
